Англискиот премиерлигаш многу брзо најде замена за отпуштениот менаџер Нуњо Еспирито Санто, а станува збор за 53-годишниот Антонио Конте, кој минатата сезона со Интер ја освои шампионската титула во Италија.
Италијанскиот тренер потпишал договор со лондонскиот клуб до јуни 2023 година. Според италијанските медиуми, би требало да заработува 12 милиони евра годишно.
„Многу сум среќен што се вратив на работата и тоа во клуб во Премуер лигата кој имаа амбиции да се бори за шапмионската титула“, објави Конте.
Тој веќе најави дека во план има и засилувања, напаѓачот на Фиорентина Душан Влаховиќ и играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси.
Конте веќе има искуство во англиското првенство, две години на клупата на Челзи ја освои тутулата и ФА купот. На клупата на Тотенхем би требало да дебитира во четврток на мечот од Конференциската лига против Витезе или во недела на првенствениот дуел со Евертон.