Јован Андоновски, заменик омбудсман на Република Северна Македонија, конференција „Украина: Две години хероизам“ ( 26 февруари, 2024 година).
Имав спремно говор, сепак се одлучив да споделам нешто емотивно со вас. Тоа се два моменти во мојот живот што никогаш нема да ги заборавам.
Првиот момент кога за време на моите студии имав прилика да го посетам логорот во Аушвиц, нешто што после толку години поттикнува морници. И второто нешто е посетата на Украина пролетта 2022 година неколку месеци после започнувањето на руската агресија врз Украина. Бев сведок на она што руската војска заедно со нивните сојузници го сториле како злосторство. Слики кои што никогаш нема да ги заборавам затоа што крвавите траги кои беа по улиците сведочеа за злосторствата кои што беа сторени таму. Разурнати домови, уништени судбини, убиени луѓе, исчезнати луѓе, злосторства кои верувам дека нема да останат неказнети.
За време на втората посета ме радува фактот што украинците и после толку поминато време не го изгубиле ентузијазмот да се борат со окупаторот и да ја зачуваат независноста и суевереноста на својата татковина.