Фудбалската репрезентација на Англија ја понижи Албанија за едно полувреме со пет гола од кои перфектен беше со хет-трик Хери Кејн, по што „Гордиот Албион“ е веќе извесно директно пласирана на Светското првенство во Катар, поради фактот што со три бода пред Полска им треба теоретски само бод, а во последното коло играат со Сан Марино

Англичаните дојдоа до седмата победа со моќно полувреме во кое покрај Кејн, кој даде по еден гол со глава, со лева и десна нога, Хари Мегваер го најави потопот за западните соседи, а Џордан Хендерсон исто така погоди за висока победа.

Англичаните со 23 бода после девет кола се први, со подобра гол-разлика од Полјаците (за шест гола), откако овие со 4-1 славеа очекувано кај Андора,

За Полска веќе извесно е дека ќе остане битката за место на Мундијалот во Катар догодина преку мундијалскиот бараж.

Европскиот шампион Италија ќе мора да се мачи за директен пласман зашто дербито со Швајцарија на „Олимпико“ во Рим заврши без победник 1-1, па двете селекции останаа со исто бодовно салдо и сега последната рунда ќе решава кој ќе оди директно за Катар.

Италија имаше шанса да направи голем исчекор кон директниот пласман, но Жоржињо повторно против Швајцарците промаши пенал, па биеше преку гол во 90-та минута за да промаши победа (промаши и во Базел за триумф во првиот меч) и сега завршното коло ќе решава во кое „аѕурите“ влегуваат со два гола предност во гол-разликата од Швајцарците.

Италија има плус 11 (13-2), а Швајцарија е на плус 9 (11-2). И „аѕурите“ гостуваат во понеделник во Белфаст кај Северна Ирска, а Швајцарија дома ја чека Бугарија,

Австрија со 4-2 го победи Израел, Северна Ирска со 1-0 славеше над Литванија, а Данска го продолжи максималниот ефект со триумфот со 3-1 против Фарските Острови.