[adrotate banner="21"]

Британскиот министер за наука, иновации и технологија Питер Кајл дека владата разгледува голем план за воведување на рестрикции на социјални мрежи за малолетните корисници.

Според идејата, „полицискиот час“ би почнал во 22:00 часот, и би траел до наутро, а би биле опфатени сите корисници помлади од 16 години.

„Тоа се работи кои се разгледуваат“, рече Кајл.

[adrotate banner="23"]

Предлогот дојде поради загриженоста за тоа како „зависната“ природа на социјалните мрежи ги нарушува нормалните часови на спиење, а тоа влијае на училиштето како и однесување кон семејството.

Министерот ги опиша новите правила како „радикална промена“.