Глумицата Ана де Армас официјално за прв пат коментираше за својата соработка со холивудската ѕвезда Том Круз. За време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“ во четврток, 15 мај, 37-годишната актерка потврди дека работи на неколку проекти со 62-годишниот Круз.
„Дефинитивно работиме на многу. Не само на еден, туку на неколку проекти со Даг Лиман, Кристофер Меквори и, секако, Том. И многу сум возбудена“, изјави Ана.
Прашањето се појави во контекст на промоцијата на нејзиниот нов филм „Балерина“ од светот на „Џон Вик“, кога водителот Мајкл Страхан ја праша за гласините дека соработува со „уште една голема ѕвезда“ и „каскадер“. Водителот потоа директно го спомена Круз, познат по изведување разни каскадерски движења.
Познатите актери неодамна беа видени заедно во јавноста неколку пати, поради што почнаа да кружат гласини дека се во врска. На почетокот на мај, тик-токерката @newgirl445 ги сними како опуштено шетаат низ Лондон на 37-миот роденден на Ана.
Круз беше и еден од гостите на роденденската забава на Дејвид Бекам, која се одржа во Лондон. Иако очигледно дошол на забавата сам, де Армас наводно била со него. Круз беше снимен како ја напушта прославата, додека де Армас наводно се криела зад чадори што ги држеле телохранителите.
Тие првпат беа фотографирани заедно околу Денот на вљубените во лондонскиот Сохо, каде што шетаа заедно. Гласините повторно се разгореа кон средината на март, кога беа видени на хелиодром во Лондон. Според извештаите, режисерот Даг Лиман бил со нив.
Текстот Ана де Армас за прв пат коментира за својата врска со Том Круз, долго време се шпекулира дека се во врска е превземен од МАКФАКС.