Репрезентативецот на Велс и играч на Челзи, Итан Ампаду трета сезона по ред игра како позајмен од лондонскиот гигант за клубови кои испаѓаат на крајот од сезоната.
Ампаду, како талентиран дефанзивец пристигна во Челси во 2017 година, од Екстер Cити за 2.800.000 евра. Сепак кариерата ја гради на позајмици. Оваа сезона играше за Специја, екипа која синоќа ја загуби мајсторката против Верона и испадна од Серија А.
Претходно, во сезоната 2020/2021 испадна од Премиер лигата со екипата на Шефилд Jунајтед. Минатата сезона не успеа да избори опстанок во Серија А со Венеција.