Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, во зимскиот преоден рок има намера да донесе нов напаѓач. Наводно не му се допаѓал Џошуа Зиркзе, засилувањето на Јунајтед од Болоња.

На „Олд Трафорд“ не се задоволни од холандскиот напаѓач, постигна гол на дебито, против Фулам во првото коло, а во наредните 13 натпревари остана без конкретен учинок.

Италијанскиот новинар Масимо Орландо тврди дека Зиркзе во јануари ќе замине во Јувентус каде повторно ќе работи со својот тренер од Болоња, Тиаго Мота, а на „Олд Трафорд“ би се преселил Душан Влаховиќ.

„Мота не е задоволен од Влаховиќ иако постигнува голови. Очекуваме размена во јануари. Зиркзе треба да оди во Јувентус, а Влаховиќ од јануари ќе стане играч на Манчестер јунајтед“, тврди Орландо.

Текстот Аморим ќе го испрати Зиркзе во Јувентус во замена за Влаховиќ е превземен од МАКФАКС.