Фудбалерите на Манчестер јунајтед, синоќа загубија од Њукасл на „Олд Трафорд“ со 2:0. Во најинтересниот натпревар од премиерлигашката вечер, Њукасл по само 20 минути фудбал имаше водство од 2-0, благодарение на головите на Александар Исак и Жоелингтон.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се обиде брзо да реагира, направи измена по 30 минути игра, на местото на Зиркзе влезе Коби Маејну, но тоа не донесе никаква промена. Њукасл на ја забележа петтата последователна победа во сите натпреварувања, додека Јунајтед го претрпе четвртиот последователен пораз.
Ова беше петти првенствен пораз за Манчестер јунајтед овој месец. Декември 2024 година ќе остане запаметен како првиот месец во кој „црвените ѓаволи“ претрпеа најмалку пет порази од септември 1962 година.
„Мислам дека е можно да испаднеме од лигата, мораме да бидеме искрени со нашите навивачи. Мораме да промениме нешто, но оваа сезона ќе биде многу тешка за сите. Тоа може да не направи посилни и мораме да се бориме”, изјави Рубен Аморим по натпреварот и продолжи:
„Навистина е тешко. Ова е еден од најлошите моменти во историјата на нашиот клуб, и мораме да го прифатиме тоа. Уште еден пораз пред нашите навивачи. Мислам дека на нашиот клуб му треба шок терапија и мораме да го разбереме тоа“.
Текстот Аморим: Мораме да бидеме искрени, можеме да испаднеме од Премиер лигата е превземен од МАКФАКС.