Манчестер јунајтед синоќа во 23. коло од Премиер лигата го совлада Фулам на гости со 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута. По неговиот удар топката удри во ногата на Саша Лукиќ кој се обиде да блокира, доби дополнително забрзување е заврши во голот.

Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот Рубен Аморим, кој вчера наполни 40 години.

„Немам 40, имам 50 години. За два месеци работа во Манчестер јунајтед, осатарев 10 години, но мило ми е што сум тука и што можам да го прославам роденденот со овие луѓе“, изјави Аморим.

Манчестер јунајтед во последните четири дена оствари два важни триумфа, прво над Ренџерс во Лига Европа, а сега и против Фулам во Премиер лигата. Во првенството, Јунајтед се на 12. место со 29 бода.

Текстот Аморим: За два месеци во Јунајтед остарев 10 години е превземен од МАКФАКС.