Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата на Панама се согласи повеќе да не наплаќа такси од бродовите на американската влада за транзит низ Панамскиот канал“, објави Стејт департментот на Икс.
U.S. government vessels can now transit the Panama Canal without charge fees, saving the U.S. government millions of dollars a year. pic.twitter.com/G4gV2mHu7O
— Department of State (@StateDept) February 6, 2025
Договорот, наводно, ќе и заштеди на американската влада милиони долари секоја година. Управата на Панамскиот канал не одговори веднаш на барањето за коментар. Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со панамскиот претседател Хозе Раул Мулино пред четири дена за време на патувањето во Централна Америка.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини централноамериканската земја дека наплатува високи цени за користење на нејзиниот премин.
„Доколку не се почитуваат принципите, морални и правни, на овој великодушен гест на отстапка, тогаш ќе бараме Панамскиот канал да ни биде вратен во целост и без прашање“, рече Трамп минатиот месец.
Мулино ја отфрли заканата на Трамп дека САД повторно ќе ја преземат контролата врз каналот, кој во голема мера го изградија. Областа под управа на САД го опкружуваше преминот со децении.
САД и Панама потпишаа неколку договори во 1977 година кои го отворија патот каналот да се врати под целосна панамска контрола. САД го предадоа во 1999 година по период на заедничка администрација.
Управата на Панамскиот канал ја негира најавата на Стејт департментот и вели дека нема да дозволи на бродовите на американската влада слободно да минуваат низ меѓуокеанскиот воден пат.
#UPDATE The Panama Canal Authority denies it will allow US government vessels to transit the interoceanic waterway for free, as the US State Department announced earlier.
“The Panama Canal Authority, which is empowered to set tolls and other fees for transiting the canal,…
— AFP News Agency (@AFP) February 6, 2025
„Управата на Панамскиот канал, која има овластување да одредува патарини и други такси за минување низ каналот, известува дека не направила никакви прилагодувања на овие такси“, се вели во соопштението на агенцијата.
Текстот Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага е превземен од МАКФАКС.