Алабама го закажа првото погубување во Соединетите држави со азотна хипоксија, алтернатива на смртоносната инјекција, објави гувернерот Кеј Ајви. Егзекуцијата на Кенет Смит треба да се случи на 25 или 26 јануари следната година, се наведува во соопштението за печатот на републиканскиот гувернер, пренесува Си-ен-ен.
Смртта од азотна хипоксија ги лишува мозокот и телото од кислород, па затвореникот умира од задушување, според Информативниот центар за смртна казна, непрофитна организација која следи, анализира и шири информации за смртната казна. Новиот развој во случајот на Смит доаѓа откако Алабама ги паузираше егзекуциите минатата есен и ја промени процедурата за извршување по проблемите со смртоносните инјекции.
Алабама ги финализираше првите протоколи за новиот метод во август, откако нејзиниот законодавен дом одобри алтернативен метод во 2018 година, според Информативниот центар. Државата има 165 затвореници осудени на смртна казна, информира државниот Оддел за затворски казни. Адвокатите на Смит се „разочарани“ откако гувернерот му одреди датум на извршување на казната на нивниот клиент.