Американскиот пастор кој минатата недела беше киднапиран за време на миса во црква во Јужна Африка е спасен по жесток вооружен судир во кој загинаа три лица, изјавија властите.
Џош Саливан, 45-годишен свештеник, беше пронајден неповреден вчера навечер во сиромашното предградие Геберхе (поранешен Порт Елизабет) во Источен Кејп, каде што беше киднапиран минатиот четврток.
Полицијата сè уште не објави детали за спасувачката операција или сторителите, но се сомнева дека киднаперите ги знаеле движењата на семејството на пасторот.
Според официјалните податоци на јужноафриканската полиција, бројот на киднапирања во земјата се зголемил за 264% во последната деценија, а безбедносната ситуација дополнително се влошила во последниве години.
Текстот Американски пастор киднапиран во Јужна Африка, спасен во смртоносно пукање е превземен од МАКФАКС.