Преговарачите на американскиот Сенат постигнаа договор што треба значително да ги ограничи илегалните премини на мигранти на јужната граница и да го деблокира одобрувањето на помош за Украина, Израел и Тајван, наведува Си-Ен-Ен, кој се повикува на извори запознаени со ова прашање, пренесува Укринформ.
„Договорот на Сенатот, кој се очекува да биде обелоденет следната недела, исто така ќе го забрза процесот на азил за разгледување на случаите во рок од шест месеци – во споредба со сегашниот систем, кој знае да потрае до 10 години за барателите на азил. “, се вели во веста.
Деталите отвораат нови перспективи во преговорите кои траат со месеци – додека лидерите на Сенатот се надеваат дека ќе можат да го прикачат договорот за помош за Украина, Израел и Тајван додека се наѕираат домашни и меѓународни кризи.
Претседателот Џо Бајден рече дека договорот кон кој работеа преговарачите во Сенатот е и тежок и праведен.
„Она што е преговарано ќе го опфати – доколку биде уредено со закон – најтешкиот и најправеден пакет реформи за обезбедување на границата што некогаш сме го имале во нашата земја“, рече тој во изјавата во петокот.
Планот, исто така, ќе изврши притисок врз републиканците да одлучат дали да ги поддржат овие властите или да го отфрлат планот, бидејќи поранешниот претседател Доналд Трамп ја повика републиканската партија да порази сè што е помалку од она што тој го нарекува „совршен“ закон.
Подготви: Марта Пешевска