Американскиот Конгрес е блиску до постигнување договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции против Русија, изјави влијателниот демократски сенатор Боб Мененедез, ветувајќи „сериозни последици“ за Москва во случај на напад врз Украина. Запрашан за работата меѓу демократите и републиканците за новите санкции против Москва, Менендез, кој претседава со Комитетот за надворешни односи на Сенатот рече дека се блиску до договор и се надева дека ќе го склучат успешно. „Неспорно е дека постои неверојатна решеност кај двете страни да ја поддржат Украина и да имаат тешки последици за Русија доколку таа изврши инвазија“, рече Менендез.