Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје не гледа за неопходно да ја коментира посетата на премиерот на Косово, Албин Курти на Скопје и Тетово пред неколку дена, бидејќи како што велат „настаните ги видовме како бескорисни“.
– Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина, велат од амбасадата за порталот indeks.mk.
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, зборувајќи за неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија, рече дека САД не поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“.
– Соединетите Американски Држави не поддржуваат „голема Албанија“ или „голема Србија“, ниту пак прекројување на државните граници во балканскиот регион. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од Западен Балкан, вклучително и Косово, рече Ховениер.
МИА