Жена која со години успевала да избегнува проверки на аеродром, се качувала во авиони без билет и сѐ тоа ѝ успевало, вчера е осудена на три и пол години затвор за случајот од 2019 година на аеродромот во Чикаго.
Мерилин Хартман од САД, родена 1950 или ’51 година, се изјасни за виновна за измама и избегнување електронски надзор на кој била подложена во психијатриска болница. Таа доби осумнаесет месеци за прекршокот и две години за бегство. Во замена за признавање на вината, обвинителите се согласија да ја ослободат од обвиненијата за други дела. Казната нема да ја одлежи бидејќи во неа спаѓаат и двете години електронски надзор в болница, иако ги избегнала, па сега ќе продолжи со лекувањето.
Таа со години успевала да се качи на авиони во Чикаго, до Копенхаген, Париз, Сан Франциско, Хаваи, Флорида и други места без билет. Таа за тоа се извини на суд, велејќи дека со години се бори со депресија.