реклама

Младиот американски Тиктокер Јустус Рид неодамна се пресели на Балканот, а последните денови престојува во Словенија. Тој се огласи на социјалните мрежи како последица од поплавите.

“Ова е лудо. Молете се за Словенија“, изјави Јустус, кој на јавноста и е познат од „Суперталент“.

реклама

На видеото кое го сподели, можете да видите како водата стигнала до половина од вратите на локалните продавници, а не можете да се симнете ни по скалите. Тој ги покажа и рибите кои дојдоа со поплавите и сега пливаат пред вратата. Покажа и поплавени ниви и патишта.

„Погледнете ги патиштата, куќите, се е поплавено. Бидете безбедни, внимавајте. Ова е сериозно“, заклучи Рид.

реклама

Да потсетиме, Јустус Рид нема балкански корени, но страсно пее хрватски песни и со своите настапи го воодушевува целиот регион. Тоа го покажа минатата година во „Суперталент“. Јустус дури ја продал својата куќа за да живее на Балканот.

Justus има над 500.000 следбеници на TikTok, а повеќето од нив се од Балканот. Се започна по неговата негативна рецензија за најпрепознатливиот автомобил од нашите простори – ‘Југиќ’.

реклама

Според 24 часа, Рид го нарече најлошиот автомобил досега, а Балканот се обедини во коментарите и остро го критикуваше.

„Дечко, само ја навреди цела Источна Европа“, гласеше тогаш еден од коментарите. Во подоцнежното видео, TikToker се извини и рече дека најлош автомобил не е Југо, туку Голф 2.

реклама