На 815-от ден од целосната руска воена агресија против Украина, се одбележува Ден на паметење на жртвите од геноцидот на кримско-татарскиот народ.
По тој повод, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, на социјалните мрежи напиша:
815. 18 мај е Ден на паметење на жртвите од геноцидот на кримско-татарскиот народ. Депортацијата на Кримските Татари во 1944 година беше злосторство извршено од советскиот тоталитарен режим. Кримските Татари продолжуваат да трпат репресии од окупаторот рф. #CrimeaIsUkraine
815. 18 мај е Ден на паметење на жртвите од геноцидот на кримско-татарскиот народ. Депортацијата на Кримските Татари во 1944 година беше злосторство извршено од советскиот тоталитарен режим.
Кримските Татари продолжуваат да трпат репресии од окупаторот рф.#CrimeaIsUkraine pic.twitter.com/s0UzOAfvtL— Larysa Dir (@dir_larysa) May 18, 2024
Претходно, ЦИВИЛ го објави ставот на Амбасадата под наслов „Паметење на жртвите од геноцид врз кримско-татарскиот народ: Идеолошките наследници на руските тоталитарни режими го вратија ужасот на украинска почва“. Текстот изобилува со податоци и историски факти за овој мрачен период од светската историја на чие повторување светот е сведок и денес, со руската окупација на Крим.