Амбасадорката Дир: Украина започна истраги за 132.780 руски воени злосторства, вклучувајќи убиства на 548 деца

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 826 ден од војната објави дека Украина започна истраги за 132.780 воени злосторства и злосторства на агресија.

„826. Украина започна истраги за 132.780 воени злосторства и злосторства на агресија, како и 17.500 злосторства против националната безбедност. Тие вклучуваат убиство на 12.388 цивили (вклучувајќи 548 деца) и ранување на 20.851 цивил (вклучувајќи 1,351  дете)“, напиша амбасадорката Дир на социјалните мрежи.

Драган Мишев