Амбасадорката Дир: Против цивилното население и украинската инфраструктура Русија употреби повеќе од 90 Шахед, крстосувачки, балистички и аеробалистички ракети

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 916 ден од од почетокот на  руска инвазија се огласи преку својата сметка на Х со објава за конинуираниот руски ракетен терор врз цивилни цели во Украина.

Ден 916. Синоќа, против цивилното население и украинската инфраструктура рф употреби повеќе од 90 воздушни цели: 81 Шахед, крстосувачки, балистички и аеробалистички ракети. Спасувачки операции се во тек. Под урнатините има луѓе, напиша амбасадорката Дир.

Четири лица загинаа, а 16 други се повредени како резултат на руски воздушен напад врз Украина ноќта на 27 август, што е втор ден по ред како Русија извршува масивни ракетни и напади со беспилотни летала врз градовите низ Украина.

Драган Мишев