Амбасадорката Дир: Напад на руските варвари врз образовна институција во Полтава – над 50 загинати, над 200 повредени

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 923 ден од од почетокот на  руска инвазија на својата сметка на Х објави за руските варварски напади врз образовна институција во Полтава.

Ден 923. Напад на руските варвари врз образовна институција во Полтава – над 50 загинати, над 200 повредени. Украина продолжува да бара средства за воздушна одбрана и оружје. #RussiaIsATerroristState, напиша амбасадорката Дир.

Според последните информации кои ги соопшти Државната служба за вонредни состојби, бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Полтава се искачи на 50, додека бројот на повредени достигна 271.

Драган Мишев