Амбасадорката Дир: Започнуваат преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, 14-от пакет санкции на ЕУ треба да помогне во исцрпувањето на воената економија на Кремљ

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 853 ден од целосната руска воена агресија во објава на Х по повод денешното започнувањето на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ  истакна дека Украина ја одвраќа воената агресија на рф и изрази надеж дека 14-от пакет санкции на ЕУ треба да помогне во исцрпувањето на воената економија на кремљ. #StandWithUkraine

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.

М. Д.