Украинската амбасадорка во Република Северна Македонија, Лариса Дир денеска на социјалната мрежа Х се осврна на новите масовни руски напади врз украинската електрична мрежа, повикувајќи за воена помош од своите партнери за одбрана на Украина.
„850. Агресивниот кремљ ги поткрепува своите ултиматуми со нови воени пактови и секојдневни ракетни напади врз Украина. Одбраната на Украина од агресијата на рф мора непрекинато да се засилува со модерно оружје и средства за противвоздушна одбрана, напиша Дир.
850. Агресивниот кремљ ги поткрепува своите ултиматуми со нови воени пактови и секојдневни ракетни напади врз Украина. Одбраната на Украина од агресијата на рф мора непрекинато да се засилува со модерно оружје и средства за противвоздушна одбрана.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/02AZVwhQyJ
— Larysa Dir (@dir_larysa) June 22, 2024
Г. Т.