Алaн Жирес ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Косово. 69-годишникот тренер веќе пристигна во Косово и се очекува само неговата официјална презентација на кормилото на Косово.
Поранешниот тренер на Тулуз и ПСЖ во Лига 1, Жирес има долгогодишно искуство како селектор на репрезентацијата, главно во Африка, каде што водеше Габон, Мали, Сенегал и Тунис. Со Мали во 2012 година беше третопласиран на Африканскиот куп на нации.
Се очекува Жирес да преземе итни мерки за да се подготви за мартовските пријателски натпревари со Буркино Фасо и Швајцарија, а квалификациите за Лигата на нации ќе ги започне на 2 јуни.