Ал-Хилал, шампионот на Саудиска Арабија, доби „корпа“ од Лионел Меси, но нема намера да застане во обидот да доведе мегаѕвезда за следната сезона. Тие тргнуваат по Нејмар!
Челниците на клубот во петокот пристигнале во Париз на преговори со офанзивецот на Пари Сен Жермен. На Нејмар му понудиле 200 милиони евра по сезона, а подготвени се да платат и 45 милиони евра отштета за ПСЖ.
Претходно, Ал-Хилал му понуди 1,2 милијарди евра на Лео Меси за тригодишен договор, но Аргентинецот избра да ја продолжи кариерата во Интер Мајами.