Шпанскиот фудбалски гигант Барселона го назначи Серхи за привремен тренер, кој ќе работи со првиот тим додека не биде назначен нов кормилар на клупата по отказот за Роналд Куман.
Шпекулациите изминатите неколку денови го поврзуваат Чави со сензационално враќање на „Камп Ноу“, но неговиот актуелен клуб Ал Сад демантира било каков контакт со Барселона.
„Во поглед на шпекулациите, клубот сака да ја потсети јавноста дека Чави има уште две години од својот договор и тој е целосно фокусиран на нашите следни натпревари за да го задржиме водството на врвот на табелата и да ја одбраниме титулата“, се вели во соопштението на катарскиот клуб.
„Секој клуб кој има малку професионализам треба да преговара со другата страна ако сака некој играч или тренер кој е под договор“, додаваат од Ал Сад.