Најмалку 81 лице се убиени во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, според најновото ажурирање на здравствените власти на опколената и бомбардирана територија, пренесе Алџазира.
Најмалку осум училишта управувани од ОН во кои се сместени луѓе во Газа се погодени во изминатите 10 дена, рече шефот на УНРВА. За девет месеци војна, 70 отсто од училиштата на УНРВА во Газа се бомбардирани, а 539 луѓе кои се засолниле таму се убиени.
Израелските сили ослободија 16 Палестинци земени од Газа. Палестинците велат дека доживеале тортура, напад и понижување во израелскиот притвор.
Од 7 октомври, најмалку 38.794 луѓе се убиени и 89.364 ранети во израелската војна против Газа Бројот на загинати во Израел од нападите предводени од Хамас на 7 октомври се проценува на 1.139, а десетици луѓе сè уште се заробени во Газа.
Д. Т.