Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во рамките на полуфиналето на Лигата на шампионите заврши со нерешени 1-1. „Кралевите“ поведоа преку Винициус Жуниор, но Кевин де Брујне погоди за израмнување и конечно реми.
За време на средбата, се случи скандал во ВИП ложата на „Сантијаго Бернабеу“. Имено, таткото на Ерлинг Халанд, Алфи Инге, направи хаос. Тој по довикувања од публиката влезе во вербална пресметка со присутните и се однесуваше недолично.
Алфи Халанд направи и срамен гест, гестикулирајќи машки полов орган, па мораше да пристигне реакција. Обезбедувањето и лицата вработени на стадионот го избркаа таткото на ѕвездата на Сити од ложата среде натпревар.