Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, откако по два сета со 6:4, 6:2 го совлада десеттиот светски играч Тејлор Фриц. Тенисерот број еден во светот победи по еден час и 19 минути. Младиот Шпанец сега има 18 победи и само еден пораз во 2023 година.

Advertisements

Шпанецот во полуфиналето ќе игра против италијанецот Јаник Синер. Во второто полуфинале ќе играат руските тенисери Данил Медведев и Карен Хачанов.

Во женска конкуренција во финалето се пласираше казахстанката Елена Рибакина која со 7:6, 6:4 ја совлада третопласираната тенисерка во светот, Американката Џесика Пегула.

Во меч кој двапати беше прекинат поради дожд, седмата тенисерка во светот победи за еден час и 54 минути. Во првиот сет тенисерките направија по три брејка и се играше тај-брејк кој Рибакина го доби со 7:3 на поени. Пегула подобро го започна вториот сет, поведе со 3:0 и со 4:2, но Рибакина потоа освои четири последовни гема и стигна 13. победа по ред. Таа во финалето ќе игра против победничката од мечот меѓу Петра Квитова од Чешка и Сорана Кирстеа од Романија./Makfax/

Прикажи повеќе