Шпанецот Карлос Алкараз oстанува на првото место на АТП листата. Младиот шпански ас на врвот на светскиот тенис е со 6.815 бода, на второто место е Русинот Данил Медведев (6.330), додека третото место сè уште е резервирано за Новак Ѓоковиќ.
Норвежанецот Каспер Руд е четврти, додека Гркот Стефанос Циципас е на петтата позиција. Зад нив се Данецот Холгер Руне и Русинот Андреј Рубљев. Американецот Тејлор Фриц напредуваше за едно место и сега е осми тенисер во светот, додека Италијанецот Јаник Синер падна на деветтата позиција. Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим е десетти на АТП листата.
Најдобриот тенисер од Македонија, Калин Ивановски, по поразот уште на стартот на турниот во Скопје забележа пад од шест места и сега е на 421. место. Следната АТП листа ќе биде објавена по завршувањето на Ролан Гарос, на 12 јуни./Gol/