Ракометарите на Алкалоид забележаа победа во првиот финален натпревар во Европскиот куп. Алкалоид во Атина го победи АЕК со 29:25 (16:14). Херој на победата е голманот Галевски, кој одбрани пет седмерци во второто полувреме.

Алкалоид 60 минути го делат од најголемиот успех во историјата на клубот. Реваншот е за седум дена во Скопје, во кој избраниците на Кирил Лазаров ќе влезат со предност од четири гола.

Речиси совршен натпревар одиграа играчите на Алкалоид во пеколната атмосфера во Атина. Клучната серија ја направија од 26.минута кога од минус два, дјдоа до плус два пред паузата. На стартот од вториот дел предноста се зголеми за уште еден гол и од тој момент Алкалоид ја презеде контролата врз натпреварот.

АЕК неколку пати дојде до минус 1, но не успеа да изедначи. Најмногу благодарение на брилијаниот Галевски. 20-годишникот одбрани пет од шесте пенали во вториот дел.

Мечот во вториот дел два пати беше во прекин, домашните навивачи фрлаа ситни предмети на теренот, еден од нив за врши во главата на Дамјан Митев.

Галевски натпреварот го заврши со осум, а неговиот колега Кизиќ со девет одбрани. Најефикасни беа Серафимов со шест и Силва со пет гола.

Текстот Алкалоид ја замолкна Атина, го победи АЕК во првиот финален меч во Европскиот куп е превземен од МАКФАКС.