Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски нема да остане во Фенербахче. Алиоски во турскиот великан игра како позајмен играч од Ал Ахли.
Ал Ахли се врати во елитната дивизија во Саудиска Арабија, што значи дека ѕвездите на овој клуб, кои играат на позајмици, ќе се вратат во клубот.
Алисоки во Ал Ахли пристигна пред две години од Лидс Јунајтед. Во првата сезона беше избран во тимот на сезоната во Саудиска Арабија./Makfax