
Англија е фаворит, но Македонија сака да се претстави во најдобро издание на “Олд Трафорд” и ќе се обиде да изненади. На Езгјан Алиоски добро му се познати приликите на Островот, со оглед дека го носеше дресот на Лидс во минатото.
„Ова е специјален момент за сите, посебно за играчите кои се првпат во Англија и гледале натпревари на овој терен од Лигата на шампионите и од Премиер лигата. Сите ќе уживаат, а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина, можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит, ама ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме“, изјави Алиоски по тренингот на националниот тим на “Олд Трафорд”.