Александер Омот Килде ја забележа петтата победа оваа сезона во Светскиот куп. Норвежанецот победи на трката во спуст, која се возеше на легендарната патека во Вебген. Килде, вчера, во Венген, беше втор во супер-џи.
Килде до победата дојде со време 1:42.42 минути, тој за 21 стотинка беше побрз од најголемиот конкурент Марко Одемарт. Втор трката ја заврши сонародникот на Одемарт, Бета Фојц.
Килде има вкупни 11 победи во кариерата, пет од нив се во најбрзата дисциплина.
Со оваа победа, Килде, го презеде водството во генералниот пласман во спуст со 269 бода. Втор е Матијас Мајер со 257, а трет Доминик Парис со 256.