Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски со посредство на македонската агенција „Џеваир Менаџмент“ направи трансфер во Саудиска Арабија во тимот на Ал Фајха.
Македонскиот напаѓач стави потпис на 18 месечен договор со можност да биде продолжен на уште една сезона и ќе заработува 1,5 милиони евра годишно.
Трајковски ќе биде вториот Македонец во Саудиска Арабија во моментов, таму веќе е Езгјан Алиоски кој настапува за Ал Ахли.