Англиските медиуми во средата пишуваат дека следните два натпревари ќе ја одредат судбината на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед.
Јунајтед утре ќе гостува кај Порто во Лига Европа, а потоа и во Бирмингем кај Астон Вила во Премиер лигата.
Англичаните пишуваат дека Тен Хаг не смее да загуби ниту еден од тие натпревари доколку сака да ја задржи работата и дека веќе се познати двајца фаворити за негов привремен наследник, но и долгорочно решение.
Имено, желбата на луѓето во Јунајтед е на крајот од сезоната да го ангажираат Симоне Инзаги од Интер, а дотогаш како привремено решение би го ангажирале Томас Тухел или Масимилијано Алегри.
Наводно, доколку Тен Хаг добие отказ, фаворит да го замени е Алегри, бидејќи има подрршка од Алекс Фергусон, пишуваат англиските медиуми.
Алегри (57) со Милан го освои Скудетото, а потоа со Јувентус пет пати ја освои Серија А и Купот. Двапати со Јувентус играе во финалето во Лигата на шампионите. Тој е без работа од летото, кога го заврши вториот мандат во Јувентус.
Текстот Алегри е фаворитот на Фергусон за нов тренер на Манчестер јунајтед е превземен од МАКФАКС.