Албанскиот премиер Еди Рама објави видео на Фејсбук каде се чини дека комуницира за лансирањето на сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“. Во видеото соговорникот на Рама кој зборува англиски, не се гледа, но неговите зборови се преведени на албански јазик. Евентуално станува збор за вработен во Спејс Икс, една од компаниите на најбогатиот човек на планетата, Илон Маск. Видеото прикажува и слики од орбитата каде и како ќе бидат лансирани сателитите. „Албанија 1“ ќе биде готов во март, а „Албанија 2“ во јуни. Сателитите ќе се користат за контрола на територијата на државата.

Advertisements

Прикажи повеќе