Полицијата во Албанија го уапси кандидатот на опозициската коалиција на Сали Бериша и Илир Мета за општина Химара, Алфред Белери. Полицијата го привела под сомнение за корупција. Според информациите на локалните власти, кандидатот бил уапсен додека организирал и ветувал пари за купување на гласови за локалните избори в недела. Премиерот Еди Рама во својата реакција наведе дека случајот претставува големо искушение за правдата и оти евентуалното кршење на законот мора да биде докажано.

Прикажи повеќе