Петгодишно дете почина како последица од компликации со ковид-19 во болница во Тирана.
Како што јави МИА, тоа е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија.
Според албанските медиуми, детето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.
Поради влошената состојба, потоа беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува Ора њуз.
Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.