На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда“, потврдуваат официјални извори.
Според објавите, на 2 септември, Албанија ја поднела својата преговарачка позиција за ова поглавје, а отворањето ќе трае до 2 октомври, кога ќе биде одржана и меѓувладина конференција за последната група поглавја – „Земјоделство и кохезија“.
„Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја. Отворањето на групните поглавја е клучен чекор, но најголемиот предизвик ќе биде нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и усогласување на законодавството“, оценија медиумите.
До сега, Албанија успеа да отвори четири од шестте основни групи поглавја: надворешни односи, внатрешен пазар, конкурентност и сеопфатен раст, кои се најважни и последни што се затвораат непосредно пред членството. Амбицијата на албанската влада е земјата да стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос изрази оптимизам дека Албанија може да се приклучи веќе до 2029 година.
Ова отворање на поглавјата е значаен чекор кон европската интеграција, но аналитичарите предупредуваат дека реалните предизвици се во затворањето и усогласувањето на сите законски и административни стандарди со ЕУ.
Текстот Албанија го отвора поглавјето „Зелена агенда“, последната фаза пред финалното членство е превземен од МАКФАКС.