Албанија го суспендираше безвизниот влез на албанска територија за руските државјани, кој важеше за летната туристичка сезона. Одлука за тоа донесе владата на вчерашната седница, јавија албанските медиуми.

Advertisements

Амбасадата на Албанија во Руската Федерација преку соопштение информраше дека безвизниот режим ќе биде укинат за периодот од 1 мај до 30 септември секоја година.

-Амбасадата на Република Албанија во Руската Федерација информира дека согласно последните измени во Одлуката на Советот на министри на Република Албанија бр. 858, од 29.12.2021 година, го укинува безвизниот режим за граѓаните на Руската Федерација (секоја година од 1 мај до 30 септември). За посета на Република Албанија потребно е да аплицирате за виза во согласност со целта на патувањето, се наведува во соопштението.

Во изминатите години за време на туристичката сезона со одлука на Владата во Тирана на руските граѓани не им беше потребна виза за влез во оваа земја.

Минатата година опозицијата ја критикуваше Владата поради тоа и бараше визи за руските граѓани и во текот на сезоната, но премиерот Еди Рама тоа го отфрли и во летната сезона од визниот режим беа ослободени граѓаните на осум држави, меѓу нив и руските.

Прикажи повеќе