На вчерашната средба на експертската група во Министерството за здравство на Хрвстака, покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, договорен е и нов режим за болниците.
Со новиот режим, сите поголеми болници во Загреб стануваат болници за ковид пациенти, пренесоа хрватските медиуми.
Зголемувањето на капацитетите на болниците мора целосно да се реализира најдоцна до понеделник.
Ова се должи на големиот пораст на заболените од корона во таа земја. Да потсетиме, вчера во земјата биле регистрирани 4.571 нов случај на коронарна инфекција, 1.207 хоспитализирани, од кои 153 пациенти на респиратор, а 26 починаа.