Активистите на движењето „Жолта лента“ продолжуваат да ги бојкотираат лажните претседателски избори што Русија се обидува да ги одржи во окупираниот Крим како дел од напорите за граѓански отпор против освојувачите, објави прес-службата на организацијата на Телеграм, пренесува Укринформ.
Активистите на движењето „Жолта лента“ секојдневно печатат летоци и ги ризикуваат сопствените животи за да го изразат својот граѓански став. Автономната Република Крим е против Путин, Симферопол е против Путин“, се вели во соопштението.
Активистите шират летоци и ставаат жолти ленти низ полуостровот.
Како што е соопштено, движењето Жолта лента го создаде Boycott.Bot, каде што секој што живее под окупација може да научи за ефективни и безбедни начини да се отфрли лажни избори.
Русија треба да ги одржи претседателските избори на 15-17 март, вклучително и во привремено окупираните области на Украина.
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, Русија активно се подготвува за таканаречените претседателски „избори“ на окупираните територии на Украина, закажани за 17 март. За таа цел нови единици на руските репресивни сили пристигнуваат во градовите, како во времето на Сталин, информираат од Националниот центар за отпор (НРЦ).
Истовремено, украинското движење на отпорот е подготвено да им се спротивстави на окупаторите. Жолтите ленти и патриотските плакати се повеќе доминираат на улиците на привремено окупираните градови во областите Донецк и Луганск, како и на Крим.
Жолтите ленти, користени како симбол на Движењето за јавен отпор, како што објави ЦИВИЛ Медиа во август 2022 година, се појавија и на улиците во окупираните населби во регионот Херсон, кога агитираа меѓу жителите на Херсон да се бојкотира псевдореферендумот закажан од руските окупатори во регионот.
Драган Мишев
ПРОЧИТАЈТЕ И:
Жителите на Керсон се спротивставуваат на псевдореферендумот: на улиците се појавуваат жолти ленти