Бредли Купер и Џиџи Хадид оваа недела уживаа во состанок на Бродвеј, но фотографијата од парот објавена на Инстаграм остави многумина збунети.
Двојката присуствуваше на изведбата на мјузиклот Чикаго на 9 ноември за да ја поддржи Алиса Милано, која ја презеде улогата на Рокси Харт во театарот Амбасадор. Алиса објави фотографии со нејзините пријатели по шоуто за да им се заблагодари за поддршката.
„Бредли, Џиџи, Ерин, Мишел – и многу други со кои немам слики. Ви благодарам на сите што дојдовте да ме видите во мјузиклот Чикаго. И ви благодарам на сите што ме чекавте на студот. Срцето ми е полно“, напиша таа.
Првата од неколкуте фотографии во серијата беше на која Алиса позира со Бредли и Џиџи. Нејзините следбеници забележале дека Бредли и Џиџи изгледаат поинаку од вообичаено.
„Премногу Facetune“, „Неверојатен Facetune“, „Па Бредли е непрепознатлив на оваа фотографија“, „Најлошиот фотошоп досега“, „Жено, смири се со тој Facetune“, „Зошто сите изгледаат како да се уредени од ВИ?“, „Дали е и Бредли на оваа фотографија?“, „Дали е тоа Бредли? Ако е така, имам прашања“, „Ова не е Купер освен ако не направил фејслифтинг“, се дел од коментарите на следбениците.
Инаку, вака изгледа Бредли Купер без фотошоп:
Текстот Актерката објави фотографија со Бредли и Џиџи, фановите пишуваат: Купер е непрепознатлив е превземен од МАКФАКС.