Секој петти пациент во Србија кој се заразил со коронавирус има ментални нарушувања, додека невакцинираните се во многу полоша состојба. Најмногу страдаат од депресија, анксиозност, напади на паника и несоница…
Секој петти граѓанин на Србија кој заболел од коронавирус има некакво ментално растројство, покажува најновото истражување на здравствените установи во Србија, во кое учествувале и лекари од Специјалната клиника за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“.
Луѓето масовно се жалат на депресија, анксиозност, напади на паника, лоши мисли, пореметување со недостаток на внимание и несоница, а потешките дијагнози, според лекарите, се почести кај оние кои не биле вакцинирани против порочниот вирус.
Промена на психата
Не е чудно што голем број луѓе пријавуваат психолошки проблеми по корона вирусотвели Александар Вујошевиќ, невропсихијатар.
Доктор Алексндра Дутина пак смета дека пост-ковид може да се појави кај луѓе кои имале поблага форма на инфекција.
Пациентите откако биле хоспитализирани поради корона обично имаат несоница, но и многу други психијатриски симптоми како депресија и анксиозност. Науката сè уште бара објаснување за неговото потекло. Досега, според истражувањето, 20 проценти од пациентите кои биле заразени со корона се пријавиле на лекар со некаков психијатриски проблем. Се забележува дека психолошките проблеми се многу поизразени кај лицата кои не се вакцинирани – објаснува д-р Дутина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.