Иако често пати ги истакнуваме знаците и сигналите на кои треба да внимавате, а според кои лесно може да откриете дали вашиот партнер би ве или веќе ве изневерува, денес ви откриваме кои особини ги поседува мажот кој никогаш нема да ве изневери ни вас ниту вашата доверба.
1. Тој секогаш си стои на зборот и ги исполнува неговите ветувања
Ако вашиот партнер ви ветил нешто, тогаш бесмислено е подоцна истото да не го исполни. Ако не ги исполни, тогаш тоа открива многу за неговиот карактер т.е за неговата непостојаност. И ако за малите работи не може да се потпрете на него, размислете тогаш како би било за поголемите и посериозни работи.
2. Тој е отворен со вас
Тоа не означува дека ви кажува или дека треба да ви каже сè. Секој од нас знае и чува одредени информации кои не сака да ги сподели со друг, но верниот партнер секогаш со својата половина ќе биде отворен во комуникација кога станува збор за важните теми.
3. Ги сака вашите пријатели
Иако станува збор за индиректен знак, всушност е многу важен за една врска. Вистинскиот за вас маж, никогаш нема да ги критикува вашите пријатели. Во крајна сметка, вие лично сте ги избрале. Ако тие не му се допаѓаат тоа индиректно би значело дека и вие самите не му одговарате. Не е неопходно да имате заеднички пријатели, но според љубовните експерти, ретко кој маж останува верен кој постојано има негативно мислење за вашиот социјален круг.
4. Тој е вашиот најдобар пријател
Не, тоа не значи дека задолжително мора да поминува часови со вас во шопинг или да озборувате заедно, за тоа тука се вашите пријателки. Но, вашиот партнер сепак треба да биде личноста во вашиот живот на која може да ги кажете вашите најскриени желби, потреби и проблеми, на која секогаш безусловно може да се потпрете.
5. Тој сака да живее со вас според еднакви правила
Повеќето современи мажи сакаат партнерка која ќе биде еднаква со нив. Затоа тие бараат интересни, независни жени, кои може да се грижат самите за себе. Но, ако вашиот партнер за себе мисли дека е над вас, односно ве третира како да сте на пониско ниво, тогаш тоа е алармантен сингал за неговото општо мислење за жените и начинот на кој ги гледа истите.