Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека бил убеден во победата против Аталанта (3-2), иако неговиот тим губеше со 0-2 во првото полувреме.
Солскјер на полувреме на своите избраници им кажал дека мора да постигнат само еден гол за да го натераат противникот на грешки и потоа да стигнат до три бода.
Голот за победа го постигна Кристијано Роналдо во 81. минута, откако претходно стрелци за „црвените ѓаволи“ беа Маркус Рашфорд и Хари Мегваер.
„Ако некој помисли да го критикува Роналдо, тогаш нека го погледне овој меч. Ќе види колку се трудеше цело време. Секаде го имаше. Важни се и головите на Хари и Маркус, но Роналдо беше најдобар…“, вели Солскјер.