Доколку војната во Украина да се продлабочи, околу 90 отсто од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија и екстремна економска ранливост, враќајќи ги земјата и регионот децении наназад и оставајќи длабоки социјални и економски лузни за генерациите што доаѓаат.
Речиси една третина од населението би живеело под прагот на сиромаштија, а дополнителни 62 отсто би биле изложени на висок ризик од запаѓање во сиромаштија во следните дванаесет месеци,
Ова се раните проценки за влијанието на војната во Украина врз тамошното население, објавена денеска од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Според администраторот на УНДП, Ахим Штајнер „акутните влијанија од долготрајната војна сега стануваат поочигледни“.
„Војната во Украина предизвикува незамисливо човечко страдање со трагична загуба на животи и раселување на милиони луѓе. Иако потребата од итна хуманитарна помош за Украинците е од најголема важност, акутните развојни влијанија од долготрајната војна сега стануваат се поочигледни. Алармантниот економски пад, страдањата и тешкотиите што ќе ги донесе на веќе трауматизираното население сега мора да бидат во поостар фокус. Сè уште има време да се запре оваа мрачна траекторија“, рече администраторот на УНДП, Ахим Штајнер.