По лошите резултати во сите натпреварувања, освен ФА Купот, актуелниот англиски шампион доби вести кои се чини дека ќе ја продлабочат нивната криза. Мануел Акаџи (29), незаменливиот дефанзивец на Манчестер сити, кој играше како десен бек во поразот од Реал Мадрид (2:3) го повреди менискусот.

Швајцарецот утре ќе биде опериран и ќе отсуствува најмалку два месеци.

Аканџи му се приклучи на Сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд како слободен играч, откако му истече договорот со Борусија Дортмунд.

Две и пол години подоцна, „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 40 милиони евра. За Сити одигра 126 натпревари. Тој освои две титули во Англија и една Лига на шампиони и еден ФА Куп.

Текстот Аканџи оди на операција, ќе паузира два месеца е превземен од МАКФАКС.