Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се најдоа во центарот на вниманието пред неколку дена, поради шегата на актерот за правната битка што неговата сопруга ја води со актерот Џастин Балдони. Сега се огласи адвокатот на Балдони кој ја критикуваше шегата на Рајан.
Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од шоуто SNL, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање. „Рајан Рејнолдс! Како си?“, го прашаа, а актерот рече: „Одлично! Зошто, што слушнавте?“ и на тој начин ја насмеа публиката, додека актерката наеднаш стана сериозна по неговите зборови.
Audience Q&A with Amy Poehler and Tina Fey! #SNL50 pic.twitter.com/XYqXMddhS9
— Saturday Night Live – SNL (@nbcsnl) February 17, 2025
Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, се појави на „Хот Микс“ и ја нарече ситуацијата „најнов потег“ од нивниот тим.
„Искрено не познавам личност чија сопруга била сексуално вознемирувана, а тој би се исмејувал со таа ситуација“, изјави Фридман.
„Не можам да се сетам на некој кој направил нешто такво. Ме изненади“, додаде тој.
Тој кажа дека Балдони се надева дека целиот случај ќе биде решен во негова корист. Водителот го прашал адвокатот, дали Балдони заминал на Хаваи на одмор со сопругата и децата. „Не би го нарекол одмор. Мислам дека никој кој е обвинет за такви страшни работи, можеби дури и за злосторства, не е на одмор“, рече Фридман и додаде: „Мислам дека се обидува да помине време со своето семејство и да најде мир“.
Текстот Адвокатот на Балдони проговори за шегата на Рајан Рејнолдс за Блејк Лајвли е превземен од МАКФАКС.